Споменици на познатите комунистички политичари се сместени во еден дел, а културни дејци и уметнички личности во друг.
На дното од Црното море, на само 100 метри оддалечено од кримскиот ‘рт Тарханкут, се наоѓа необичен музеј.
Во 1992 година Владимир Боруменски го поставил првиот споменик на советските водачи, во висина од 12-15 метри на морското дно.
Советскиот Сојуз тогаш штотуку се распаднал, па многу споменици од комунистичките лидери и револуционери биле отстранувани.
Владимир тогаш отстранетите споменици ги ставил во Црното Море и се родила идејата за подводен музеј.
Музејот е дом на десетици експонати.
Посетителите на музејот тука можат да го пронајдат и последниот руски цар Николај Втори.
А/Г/