“Најдолго на говорницата Стевананџија 236 минути, Данев 233, Димовски 221, тие од СДСМ го спремале Законот за двојазичност и Договорот со Бугарија?!”

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје изработи извештај за квалитетот на работата на Собранието во периодот од мај до август, 2017 година. Според нивниот извештај, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ биле најактивни во дебатите.

Најактивни пратеници кои на собраниската говорница се задржале најдолго се пратеникот од Прилеп Димитар Стевананџија со 236 минути, потоа Драган Данев од Аеродром со 233 минути и доскорешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски со 221 минута.

Според тоа колку пати се јавиле за збор, најактивна е пратеничката Владанка Авировиќ која зела збор 75 пати, пратеникот Владимир Ѓорчев со 69 пати и Лилјана Затуровска со 65 пати. Сите десет најактивни пратеници на собраниската говорница се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.