„Најдете ми ја ќерката, нејзиниот телефон веќе не ѕвони“ – мајката на исчезнатото девојче преколнува за помош

olivija

По ужасната експлозија која се случила синоќа во Манчестер, очајната мајка преколнува за информации за нејзината ќерка Оливија Кампбел, која уште не се вратила по инцидентот на концертот на Аријана Гранде.

Нејзиниот телефон не ѕвони и никој не знае каде е девојчето. Во моментов полицијата ја регистрирала како исчезнато лице.

Оливија на концертот била со нејзината најдобра пријателка, која по експлозијата завршила во болница.

Нејзините роднини цело време апелираат на друштвените мрежи, дека доколку некој знае нешто во врска со девојчето, да се јави кај семејството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.