Жените кои постојано нешто ги критикуваат своите сопрузи им го кратат животот. Дански научници заклучија дека кај мажите во средни години ризикот од смртта е дури 3 пати поголема ако живеат со жени кои постојано им наоѓаат маани.
Во истражувањето учествувале 9 857 мажи и жени од 36 до 52 години. Тие кои живееле со жени со кои постојано биле во конфликт, умирале порано бидејќи биле константно под стрес.
Една од причините з аогромното влијание на оваа ситуација врз здравјето на мажите, е тоа што тие не им ги кажуваат своите проблеми на пријателите, како жените што зборуваат со своите пријателки. Мажите, лошите чувства предизвикани од кавгите со сопругата, ги држат во себе.
– Мажите а разлика од жените имаат многу малку луѓе околу себе со кои можат да ги споделат своите грижи. Токму тоа е можната причина з азголемената стапка на морталитет кај мажите – објасни доктор Рине Лунд од Универзитетот во Копенхаген.
Според нејзиниот совет, партнерите треба да разговараат за своите проблеми. Но ако односите се пореметени, тоа доведува до депресија и постојан стрес.