На ден 25.09.2017 година, со почеток во 12 часот се одржа двочасовна сертифицирана “eTwinning” работилница од страна на “eTwinning” Амбасадорите од нашата земја, Александра Андоноска и Спасија Нешкоска Цуцулеска, наставници во ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп, a истата беше поддржана од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност и НСС.
На работилницата зедоа активно учество вработените од ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп.
Истата се состоеше од два дела и беше конципирана, така што во првиот дел се презентираа општи информации за “eTwinning” платформата, порталот и “eTwinning Live”, преку кои што наставниците комуницираат и соработуваат со колеги од Европа и професионално се развиваат преку различни онлајн настани и средби и “Twinspace”, каде што наставниците и учениците заедно со партнери од различни училишта од Европа работат на виртуелни проекти во безбедна и контролирана онлајн средина.
Додека во вториот дел партиципиентите практично ги применија совладаните знаења на работилницата, најавувајќи се на “eTwinning”, креирајќи профил или преку едноставна навигација низ платформата.
“eTwinning” е онлајн заедница за наставниците од Европа. Тука, тие бесплатно комуницираат и колаборираат, професионално се развиваат, создаваат виртуелни проекти поврзани со наставните програми, со што и наставниците и учениците ги зајакнуваат дигиталните компетенции, јазичните компетенции како и останати клучни компетенции идентификувани од ЕУ.
Во иднина се планираат повеќе сертифицирани работилници од ваков карактер во кои ќе се вклучат останатите училишта од општината и регионот.