Народ се собира и пред “Камената бина”: Прилепчани против шверцерскиот закон за двојазичност

Пратениците на власта денес ја погребаа парламентарната демократија. На шверцерски начин, со сила изгласаа закон во собранието. Закон кој што ја доведе државата на чекор до федерализација.

Народот застанува против овој закон кој и со својата содржина и со начинот на неговото донесување го прекршува највисокиот правен акт во државата, уставот.

Освен во главниот град, народ се собира и пред Камената бина во Прилеп. Граѓаните самоиницијативно излегуваат во центарот на градот и го изразуваат револтот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.