Во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло со слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната од 13 до 21 степени.
Утре преку ден ќе се задржи сончево и топло време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец, над 70 километри на час. Во недела и понеделник дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени, а потоа повторно ќе биде во пораст.