Влезните порти во комуналното претпријатие во општина Свети Николе денеска добија нов дизајн. На нив повеќе не стои сонцето од државното знаме и по примерот на општина Лозово се офарбани во црна боја – објавија преку социјалните мрежи од ОК ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.
“Зошто пречи нaциoнaлнoтo знaме нa нoвaтa лoкaлнa влaст вo Свети Никoле? Мaкедoнскoтo знaме веќе некoлку месеци е тргнaтo oд јaрбoлoт вo Нoвиoт пaрк и oд ЈКП Кoмунaлец”, напишаа од Унијата на жени од овој град и објавија и фотографии од празниот јарбол во новиот парк.
Слично нешто неодамна се случи и во општина Лозово, каде пак префарбани беа портите пред општинската зграда.
Реакциите по социјалните мрежи и тогаш и сега се бројни. Граѓаните се згрозени од помислата дека на новите локални власти во овие општини им пречат националните симболи и боите на државното знаме.