На денешен ден пред 25 години Победа и Вардар го одиграа првиот мeч во самостојна Македонија (ВИДЕО)

hqdefault

На денешен ден 23 август пред 25 години се одигра првиот меч од Македонската Прва фудбалска лига, и како таков е од историско значење за фудбалот во самостојна Македонија.

Во Прилеп на градскиот стадион “Гоце Делчев” Победа го пречека Вардар, а натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.

На преоплниот стадион пред 10.000 публика стрелци на головите тогаш беа: Тони Наумоски во 31-та минута за 1:0 за Победа и Сашо Тодоровски во 35-та за 1:1.

Вистинска историска слика и вистинско потсетување за сите љубители на фудбалот, кои пред 25 години живееле за овие натпревари.

Погледнете:

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.