На бродот се наоѓаат 26 овци, 10 кози и капетан: Сите велат дека оваа задача нема решение, а мораат да ја решат ученици од 5-то одделение

-Ако не бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот? – гласи задачата која многу брзо се проширила на социјалните мрежи.

Фотографиите од тестот се објавени на кинескиот News портал “Тhe Paper”. Секако, веднаш е јасно дека задачата е невозможно да се реши , но то не ги спречило учениците, но и корисниците на социјалните мрежи подоцна понудиле решение, пренесува RT.com.

-Капетанот има 36 години. По се изгледа е нарцис, па вкупниот број на животни одговара на бројот на неговите години – напишал еден од учениците.

Други се обиделе да направат логично размислување.

-Капетанот би требало да има барем 18 години, затоа што малолетници не можат да управуваат со брод, напишале.

Основното училиште после оваа задача се нашло на удар. Многумина сметале дека задачата нема никаква врска со математика, па училиштето многу брзо испратило одговор.

-Улогата на образованието не  е да произведува стандардизирани резервни делови… Прашањето кое може да има повеќе одговори е добро прашање – рекле од училиштето и додале дека задачата е поставена да го тестира критичкото размислување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.