НОВИ ПРОТЕСТИ ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: По ултиматумот од УЧК, организирани нови протести во Скопје со барање за ослободување на терористите!

Нови протести се најавени за во петок 10 ноември во 12.30 часот, а ќе започнат од плоштадот Скендербег во Скопје, протестите како што информираат албанските медиуми, следуваат како последица на драконските казни за случајот Диво Насеље

Најавата за нови протести дојде по ултиматумот кој го испрати терористичката група од Косово, УЧК во која даваат 72 часа за исполнување на нивните барања, меѓу кои и ослободување на терористите од Диво Насеље, а дотогаш ги повикуваат Албанците да ги напуштат сите институции на државата.

Во случајот Диво Насеље се осудени 33 терористи, од кои седумина на доживотен затвор, а вкупната казна на останатите терористи е 730 години затвор.

 

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.