НОВ УДАР ЗА ЕУ: Орбан однесе страшна победа на изборите, Соросовата опозиција нема ниту 25% од гласовите

Партијата Фидес на актуелниот премиер Виктор Орбан убедливо победи на парламентарните избори во Унгарија, а според проекциите, Фидес би можело да има двотретинско мнозинство во Парламентот. Добивме шанса да ја одбраниме Унгарија, порача Орбан откако прогласи победа.

Врз основа на преброени 69 % од гласовите, Фидес освои речиси половина од гласовите или 49,51 %. Партијата на Орбан како што пренесува “Ројтерс”, ќе има 134 од вкупно 199 места во Парламентот.

На второ место е десничарската партија Јобик која освои околу 20% од гласовите, односно 27 мандати во Парламентот, пренесува агенцијата MTI.

Следува коалицијата на социјалистите и партијата Дијалог за Унгарија со речиси 12% од гласовите, ЛМП со 6,47 % и ДК со 5,32 % од гласовите.

Орбан порача дека неговата партија ја однесе победата и дека имало голема излезеност “се отстранија сите сомнежи”.

“Добивме шанса да ја одбраниме Унгарија”, порача Орбан.

Лидерите на опозиционите партии поднесоа оставки

Лидерите на унгарските опозициски партии, кои го поминаа цензусот и влегоа во Парламентот, понесоа оставки после првичните резултати на изборите.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.