Пожарите кои беснеат низ целата држава го сардисаа и Прилеп. Гори на неколку локации, а најнов е пожарот над прилепското село Мажучиште, кој според жителите на ова село се движи кон древниот манастир Трескавец.
Пожарот зад себе остава пустош. Фотографијата е доказ за тоа!
Населението на околните населени места е вознемирено и бара помош. Ова е четврт пожар кој во изминатите денови се појави во Прилеп, а гори и во атарот на селата Дрен и Смолани, каде во текот на вчерашниот ден пожарот е ставен под контрола, но сеуште е активен во опожарениот дел. Екипите се сеуште на терен.
Пожарот кај Царевиќ во близина на Дрен и Смолани
Пожарот во с.Никодин – прилепско е сеуште активен и проширен. Истиот се движи на велешка страна. Во гасење на пожарот во текот на вчерашниот ден се вклучени и авионите на ДЗС.
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови пријавен е и пожар кај манастирот Писокал – Свети Илија – во близина на селото Кален – прилепско Мариово. Запалени се дрва од гром. На терен дејствувала екипа на ТППЕ Прилеп.
Жителите на овие населени места и Прилеп се прашуваат “Дали овие пожари се и намерно оттргнување на вниманието на јавноста од актуелните политички случувања?”