Зимското пазарење во најатрактивните европски лиги неодамна заврши, а голем број клубови веќе планираат за в лето.
Италијанскиот шампион Јувентус “капари” големо појачување за наредната сезона.
“Тhe Mirror” пренесува дека агентот на играчот за врска на Ливерпул Емре Џан потврдил дека репрезентативецот на Германија ќе му се придужи на Сами Кедира во редовите на “Старата дама”.
Џан има 24 години. Во дресот на Ливерпул има одиграно 159 утакмици и има постигнато 13 погодоци. Претходно тој настапуваше за Баерн Минхен и Баер Леверкузен.