Четврта година по ред Сингапур е најскапиот град на светот, покажало полугодишното истражување на Economic Intelligence Unita (EIU).
Во извештајот на EIU за трошоците за живот ширум светот за 2017 година, азиските градови ги зазедоа пет од шестте места на листата, што се припишува на зајакнувањето на јапонскиот јен.
Освен водечкиот Сингапур, тука се и второпласираниот Хонг Конг, потоа Токио, Осака и Сеул. Помеѓу нив на третото место се наоѓа најскапиот град на Европа, Цирих, а седми е уште еден швајцарски град, Женева.
Париз е на осмото место и е најскап град во еврозоната и Европската Унија, зад него е единствениот американски претставник Њујорк, а првите десет ги заокружува Копенхаген.
EIU оваа листа ја објавува секои шест месеци преку споредба на цените од 160 производи и услуги, како што се цените за храната, живеалиште, превоз….
Животот е најевтин во казахстанскиот град Алматија, а потоа во Бангалоре во Лагос и Карачи во Алжир.
А/Г/