Meдијаторот на Обединетите Нации за спорот со името со Грција Метју Нимиц, неофицијално, пред Македонското интернационално движење за човекови права од Торонто Канада, рекол: “Ако јас бев Македонец, немаше да преговарам за моето име”. Првиот медијатор за името, Робин Онил, се повлече од преговорите за името и им порача на Македонците да не преговараат понатаму, пишува Минарепорт.
Иако Нимиц изјави дека неговите коментари се неофицијални, Македонското интернационално движење за човекови права го праша зошто не ги искаже своите чувства јавно.
Претседателот на Македонското интернационално движење за човекови права, Бил Николов, го запраша Нимиц што би било доколку Македонија ги напушти преговорите за името со Грција. Нимиц тогаш рекол “Ништо. Не верувам дека ќе има некои последици”. Бил Николов истото прашање го поставил и пред Стејт Департментот, од каде одговорот е дека тие веруваат дека не постои решение за прашањето со името и прекинувањето на преговорите би било логично.
А/Г/