Во друштво со пратеникот Јохан Тарчуловски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го бодреше македонскиот шампион и заедно со исполнетата арена се радуваше на големиот успех на Вардар.
Како и секогаш кога настапува миленикот на македонската публика, дали во ракомет или фудбал, Груевски е на трибините меѓу граѓаните и навива заедно со нив.
Вардар го совлада големиот Фенербахче со 2:0, благодарение на погодоците на Барсегјан во 20-та минута и автоголот на Топал во втората минута од судиското продолжение.
Со тоа, нашиот шампион со голема предност ќе патува во Турција за седум дена, каде ќе го одигра вториот дуел од плеј-оф фазата од Лигата на Европа.
А/Г/