НЕОФИЦИЈАЛНО: ”Од вторник штрајк пред кабинетот на Градоначалникот до враќање на работа?!

Првиот ден од Новата година во Прилеп значеше престанок на работниот однос за околу 270 луѓе, кои до први јануари беа вработени во основните и срените училишта, јавните претпријатија, градинките, здравствените установи, како и во општинската администрација.

И покрај тоа што сега актуелниот градоначалник од редовите на СДСМ Илија Јованоски, во моментите кога ја бараше поддршката од прилепчани ветуваше дека ниту едно лице нема да остане без работа, сега се случува токму спротивното. Во Прилеп како и во поголемиот број останати општини се спроведува целосна чистка, без да се води грижа за квалитетот на кадарот кој се брка од работа, како и за исполнетите законски услови за тоа.

Имено, само во секторот образование на дури 120 лица им биле прекинати договорите за работа, а 20 од нив исполнувале услови за трансформација на работниот однос во редовен, посочија вчера од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Особено загрижува фактот и дека 19 вработени во детските градинки во Прилеп, исто така останаа без работа и егзистенција. И покрај изјавата на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која во петокот соопшти дека ги потпишала согласностите за продолжување на договорите, овие вработени се соочија со горчлива судбина како и сите останати.

Очигледно за новата локална власт не е важен интересот на најмладите, па спроведувајќи една ваква брутална чистка удираат по нив, но и по нивните родители, за кои недостатокот на места во градинките сега е надополнет со уште еден проблем, недостаток на воспитувачки за нивните деца.

Неофицијално, кај сите 270 избркани од работа и нивните семејства огромен е револтот и решеноста да се протестира пред кабинетот на градоначалникот, ако треба и нон-стоп, се до нивно враќање на работа?!

Тие само бараат тоа што Јованоски го вети на предизборниот митинг во Прилеп да биде исполнето. Дел од нив поради тие ветувања и го поддржале, но од овој аспект во “неговите лаги”?!

Kaко точно ќе се одвиваат овие случувања, ќе видиме во наредните денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.