Научници од САД откриле дека луѓето кои спијат подолго од 9 часа дневно имаат поголема склоност кон тоа да имаат ноќни кошмари.
Група истражувачи од Универзитетот во Оксфорд, на чело со Стефани Рек, објавија истражување во кое биле вклучени 846 луѓе.
Тие испитаниците ги испрашувале колку често во изминатите две недели имаат ноќни кошмари, како и тоа колку итите биле страшни. Кај испитаниците било утврдено дека тоа им се случувало кога биле загрижени да не направат некој погрешен чекор.
Така се дошло до заклучок дека стресот и загриженоста се главни причини за кошмарите. Покрај тоа утврдено е дека повеќе од 9 часа спиење исто така може да го зголеми бројот на овие немири во спиењето.
Со истражувањето не било утврдено колку конзумирањето на алкохол или физичката активност може да предизвика ноќни кошмари.
А/Г/