НАВИСТИНА СМЕ ЗА СРАМОТА: Никој нема купено ниту еден сезонски билет за да ја гледа Победа, а сите сакаме висок пласман!

pobeda

Светските фудбалски гиганти во пресрет на новата сезона веќе имаат распродадено и до 90 % од сезнонските билети, но кај нас во Македонија тоа е научна фантастика.

Додека Вардар прави напори да им понуди нешто поинтересно на своите фанови, притоа нудејќи им сезонски билети кои вклучуваат и фудбал и ракомет, останатите прволигаши мака мачат да продадат сезонски билет на своите фанови.

Денеска прволигашот Шкупи ги објави цените за сезонските билети, со кои навивачите на клубот за цена од 1500 денари можат да ги следат сите домашни натпревари на клубот.

Енис Барди, новиот играч на Леванте прв купи билет, со тоа давајќи поддршка на својот некогашен клуб, каде ја започна својата кариера.

Прилепскиот прволигаш Победа ја искористи оваа информација за да објави дека клубот нема продадено ниту еден сезонски билет за натправарите на домашен терен.

Целата прилепска јавност преку годината е бучна и критички настроена, но кога треба да се помогне за да дојдат и резултатите, “стручњаците” никаде ги нема.

Навистина е срамно, клубот кој е гордост на сите нас да не добие никаква поддршка од прилепчани.

54745

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.