Социјалните мрежи деновиве вријат од објави на отруени животни низ парковите и улиците. Ваквите појави се особено чести во главниот град, но ваква грозна слика вчера ги запрепасти и прилепчани.
Граѓаните апелираат труењето на животните да престане, а властите под итно да преземат нешто со цел да се спречи поголема трагедија, со оглед на тоа што парковите се преполни со деца кои си играат, па отровот наменет за кучињата и мачињата, може да биде кобен и за нив.
Најновата објава доаѓа од Скопје, каде маче го чува телото на своето отруено другарче. Овие фотографии ќе ве погодат во срце!