НАЈЕВТИНИОТ АВТОМОБИЛ: Погледнете за што се работи!

Во 2008 година, индиската автомобилска компанија Tata пушти на домашниот пазар автомобил, чија цел беше да го освои целосно. Неслучајно не само Tata, но и многу автомобилски гиганти, на пример Volkswagen и Renault, се насочени кон Индија – овој пазар има огромен потенцијал, сметаат експертите. Податоците покажуваат дека само 18 на 1.000 луѓе поседуваат сопствен автомобил, а населението на земјата брои 1,25 милијарди лица (според податоци од 2013 година).

Моделот Tata Nano има цена ос 2.100 евра, но се продава под очекувањата на производителот. И покрај најниската цена, тоа не е најевтиниот автомобил во светот. Признанието оди кај Bajaj Qute. Малото возило е дело на индиската компанија Bajaj Auto. Таа е шести по големина производител на мотоцикли во светот и втор по големина во Индија, како и најголемиот производител на возила со три тркала во светот.

Bajaj Qute чини само 1.900 евра. Минијатурниот автомобил е исклучително лесен за паркирање, бидејќи димензиите му се многу компактни – 2.7 метри должина, 1,3 метри ширина и 1,6 метри висина.

Потрошувачката на возилото е 3 л / 100 км. Тој располага со четири врати, тежи минимални 450 кг, а моќноста на моторот му е 13 коњски сили и се движи до 70 км/ч. Логично, на краш тестовите автомобилот покажува ужасни резултати. Таа не располага со воздушни перничиња, но сепак има појаси.

И додека Tata Motors се фокусира главно на пазарот во Индија и на брендот Jaguar, кој го стекна во 2008 година, од Bajaj имаат поголеми амбиции. Првите испораки на нивните модели во Русија треба да започнат оваа есен. Интересно е дека, сепак, Bajaj Qute чини двапати повеќе на руска земја, отколку на родниот пазар во Индија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.