Дека античките Македонци не биле Грци јасно потврдил и самиот Александар, преку неговиот говор кој бил пренесен од страна на античкиот историчар Аријан.
Аријан ги собрал писмата напишани од страна на генералот Птоломеј, а денес тие се зачувани во вид на фрагменти.
Аријан го пренел говорот на Александар Македонски пред неговите генерали, во моментот кога тие одлучиле да не го следат во последното освојување кон Индија. Како и да е, никој од нив не се осудувал да му каже. Александар сфатил што се случува, ги повикал сите и им рекол:
“О македонски и грчки сојузници, гледам дека повеќе не сакате да ме следите во опасните походи од кои порано бевте зависни. Ве собрав сите на едно место, за да ве убедам да продолжите со мене или да ме убедите да се вратиме назад”.
Кога им го кажал тоа започнал да им ги набројува териториите кои се освоени од големата Македонска империја. Ги запрашал зошто не би сакале да ја прошират територијата на Македонија.
Александар јасно докажал дека териториите не ги освојува за да “ги обедини Грците”, туку за да ги додаде на Македонската империја.
“Ќе ви докажам на сите, и на Македонците и на Грците, дека цела Азија ни припаѓа нам. Гранците на Македонија ќе бидат оние граници кои Бог ги определил како граници на светот”.
Во овој говор јасно се гледа дека самиот Александар прави разлика меѓу Македонците и Грците. Тој исто така истакнувал дека Македонците кои останале во Македонија би можеле да бидат загрозени од нивните соседи: Илирите, Тракијците, Трибалите и Грците !