Паркот во Врбеско маало во Прилеп кој беше изграден нешто пред локалните избори минатата година и требаше да добија различни музички елементи, после 5 месеци е оставен на милост и немилост.
Од новиот парк останати се клупите, уникатните канделабри и патеката, а тревниците се дел оголени, дел обраснати и на пат да станат змијарници.
Ова е уште во низата паркови и уредени места во градот кои новата локална власт само поради тоа што не ги изгради ги запостави и дозволи да се уништуваат.
Инаку до нас слични фотографии пристигнуваат секојдневно. Граѓаните се револтирани од игноранскиот однос на локалните власти и секојдневно не информираат за состојбата во нивните маала и улици.