Триесетгодишниот Р.Ѓ. од Прилеп пред два дена бил пронајден мртов во куќа на улицата „Благоја Николовски“, соопштуваат од МВР.
Починатиот бил пронајден од страна на 27-годишната Н.А.
Имено, претходниот ден околу 18 часот, Р.Ѓ. дошол во домот кај неа и нејзиниот сопруг со изговор дека се скарал со неговите родители и побарал да остане, по што се качил на катот од куќата. Откако истиот бил пронајден без знаци на живот, била повикана Итна медицинска помош и од страна на лекар била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.