Алваро Мората кој вчеравечер го договори трансферот во Челзи изјави дека одвај чека да заигра за својот нов клуб.
-Со нетрпение чекам да се приклучам на моите нови соиграчи. Многу сум среќен што ќе бидам дел од Челзи, клуб кој отсекогаш ме барал. Им се заблагодарувам на сите во Мадрид кои ми даваа поддршка. На Реал му посакувам се најдобро во следната сезона, изјави Мората кој со шпанскиот тим освои четири трофеи.
Мората е најскапиот фудбалер што го има продадено Реал. За неговиот трансфер Челзи плати 80 милиони евра.
Годишната плата на Шпанецот ќе изнесува девет милиони евра.
Интерес за Мората покажуваа уште и Манчестер Јунајтед и Милан, но сепак „сините“ од Лондон успеаја да го обезбедат неговиот потпис.