Младинскиот совет на Крушево и поетесата Елена Христоска во нова хумана мисија – “Подарок за твојот подарок”

Во понеделник 25.12.2017 со почеток од 12:00 часот во градскиот парк во Крушево, Младинскиот совет на оваа општина организира хуманитарен настан, насловен како “Подарок за твојот подарок”.

“Овој мал проект „Подарок за твојот подарок“ е инициран од нашата млада поетеса Елена Христоска со што ни го докажа нејзиниот младешки ентузијазам и активизам!

Преку овој настан сакаме да ја поттикниме хуманоста кај секого од нас, со што секој кој што во понеделник (25.12.2017) ќе ни донеси новогодишно пакетче, ќе добие подарок од наша страна, то ест ќе добие книга од нашата поетеса”, посочуваат од Младинскиот совет.

Новогодинешните пакетчиња, како и минатата година, ќе бидат поделени на дечињата од социјално загрозените семејства.

Од Советот ги покануваат сите останати (крушевски) писатели да им се приклучат кон оваа акција, и да го зголемат бројот на подароци со што ќе се збогати овој настан, каде што хуманоста ќе ја има главната улога!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.