Мицкоски: Еден ден споменикот ќе биде поставен на местото на кое заслужува и ќе дојде ден и кога оние кои ова го прават ќе се срамат за своите постапки

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео обраќање до граѓаните. Ова во иднина ќе биде еден од начините на редовна комуникација и соопштување на ставовите на Мицкоски.

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео обраќање до граѓаните. Ова во иднина ќе биде еден од начините на редовна комуникација и соопштување на ставовите на Мицкоски.

-Речиси и да нема ден, а да нема некој скандал приреден од владата. Граѓаните се чувствуваат неспокојни и свесен сум дека таа несигурност ги обесхрабрува и удира по нивното достоинство. Последниот таков чин, беше рушењето на споменикот на македонскиот револиционер Андон Ќосето. Можете да замислите каква е таа политика на омраза со која се посега по рушење на паметници на револуционери само затоа што не се изградени од актуелната власт. Омраза која што заслепува. Рушењето на споменици, секако не е активност со која се занимава една просперитетна влада чии погледи се кон иднината, тоа е чин кој го практикуваат ретроградни сили, како ИСИС во Сирија и талибанците во Авганистан, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ако тоа е нивниот репер, тоа не е примерот кој го сакаат и почитуваат македонските граѓани.

-Се што е изградено е направено да им служи на македонските граѓани. Секој паметник останува за историјата и е израз на почит кон личностите кои оставиле трага, а работата на историчарите е да ја оценуваат и вреднуваат нивната улога. Ние не смееме да станеме држава која се срами и ги нагрдува своите херои. Јас одбивам да ги споделувам таквите вредности. Едно е сигурно, ќе дојде ден овој споменик да биде поставен на местото на кое што заслужува, а исто така ќе дојде ден и кога оние кои ова го прават ќе се срамат за своите постапки и во тоа ве уверувам, нагласува тој.

Мицкоски додава дека сето ова е дел од сценариото за дефокусирање од вистинските теми, а ниските страсти треба да ги покријат прашањата на кои се нема одговор, за жал.

-Зошто има под 50 проценти реализација на планот 369, зошто граѓаните по речиси 9 месеци немаат подобар стандард, повисоки плати, пензии, зошто стечајците немаат решено статус, зошто нема проекти во образованието, инфраструктурата, здравството? Ова се вистинските теми за кои власта нема слух, и ова мора да биде променето. Граѓаните заслужуваат подобра Република Македонија, посочува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.