Мистериозен маж ги крши иконите во црквата во Аеродром – се е снимено на камера

Машко лице во петокот во два наврати влегло во црквата „Свети Стефан“ во Аеродром и ја искршило централната икона удирајќи ја со лакт, а се е снимено на камера.

Како што пренесе Религија.мк, првиот инцидент се случил во 14 часот и 15 минути на 6 октомври 2017 година, а вториот четири часа подоцна во 18 часот на истиот ден. Лицето влегло, ја скршило иконата и заминало. Станува збор за лице кое е задолжено за одржување на црквата, кое во страв бега од дворот на црквата. Потоа на истиот начин вандалот влегува во црквата и повторно со лакт удира по иконата.

Откако случајот бил пријавен во полиција, припадници на МВР го откриле идентитетот и лицето било приведено.

Според информации на порталот Религија.мк, станува збор за лице со нарушено психофизичко здравје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.