Јелисавета Сека Саблич е родена во 1942 година во Белград, од татко Србин и мајка Еврејка, за време на војната.
– Мајка ми никога не носеше жолта трака за време на војната. Кога се мажела за мојот татко Стеван, се преселиле во Чубура, логор во Сајмиште. Може да се каже дека целото мое детство беше убаво, но поминато во сиромаштија – вели Сека за порталот “Новости”.
– Бев уште студент, на почетокот од 60-тите. Тито седеше во некоја соба, а ние еден по еден влегувавме и ги изведувавме нашите точки. На метар и половина пред Тито и Јованка. Јас рецитирав, некои пееја… Тој никогаш не ме импресионирал, не ми беше страв, ниту пак имав трема, бидејќи ни моето семејство не беше на негова линија. Но никогаш нема да заборавам како пушеше цигара и ми “дофрлаше” сред мојата точка, веројатно мислеше дека така учествува. Тоа беше страшно, покасно ми се случуваше истото во провинцијалските театри. Не ме чудеше тоа, но еден Тито така да дофрла…- виле Саблич, која е позната на Балканот по филмовите “Маратонците го трчаат последниот круг”, сериите “Бољи живот”, “Љубов, навика, паника”, и многу други.