Меј доби “зелено светло” од Владата за акција во Сирија: Што ли му следува на светот?!

Британската Влада и дала на премиерката Тереза Меј “зелено светло” да им се придружи на Соединетите Американски Држави и Франција во планирањето на воени напади како одговор на наводниот хемиски напад во Сирија, пренесува “АП”.

После седницата која траела повеќе од 2 часа, британската влада го поддржала планот на премиерката Меј, Британија да работи со своите сојузници на “координација на меѓународниот одговор”.

Владата, меѓутоа, не дала образложение за времето или обемот на санкциите, додава агенцијата “АП”.

Во соопштението од канцеларијата на премиерката се наведува дека кабинетот е “согласен за потребата да се преземе акција против режимот на Асад”.

АП пренесува дека опозициските пратеници бараат за евентуалната воена акција да се гласа во парламентот. Премиерката нема законска обврска да го спроведе тоа, но такво нешто досега е вообичаено.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.