Менаџерка од Македонија терала кубански танчарки на проституција во Анкара

Македонската државјанка Драгана Ј., менаџерка и сопственичка на агенција од Р. Македонија е притворена во Анката под сомнение за кривично дело трговија со луѓе и присилување на проституција.

st-prostitucija

Според пишувањето на турските медиуми, таа преку својата агенција донела во Турција 40 кубански танчарки на кои им ветила работа, но наместо тоа ги присилила на проституција.

Танчарките прво биле сместени во Истанбул, а по кратко време префрлени во Анкара и сместени во хотел во квартот Улус. Аферата се случила пред 25 дена, кога за неа и пишуваа турските медиуми.

Според нив, македонската менаџерка прво им ги одзела пасошите на танчарките, а потоа ги присилила на проституција и ескорт.

Откако девојките се побуниле, таа ги затворила во хотелот кој речиси два месеци функционирал како јавна куќа.

Случајот излегол на виделина дури откако една од девојките успеала да побегне и да побара помош од амбасадата на Куба во Анкара.

На барање на МНР на Куба, турската полиција извршила упад во хотелот и ги ослободила танчарките.

Во оваа операција била уапсена и менаџерката Драгана Ј. која по вообичаената полициска процедура била предадена на суд кој и одредил притвор, по што е упатена во притворското одделение на затворот Синџан кај Анкара.

Во својата изјава пред судот, според пишувањето на турските медиуми, Драгана Ј. се изјаснила дека не е виновна и го негирала делото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.