“Мајмуни” во нова хумана мисија – Денеска донирајте за Славица Вељаноска, за да ја вратиме желбата за живот во нејзиниот дом

Навивачката група “Мајмуни” денеска започнаа нова хумана мисија. Од утрово на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во близина на споменикот на Крал Марко поставена е кутија за донации, каде се донираат средства за Славица Вељаноска.

Соочена со немаштијата, оваа наша сограѓанка се соочува со катастрофални услови за живот во нејзиниот дом.

Од навивачката група вчера го посетија домот на Славица, а веќе денеска веднаш поставија кутија за донации.

Кутијата за донации денеска ќе биде поставена до 14:00 часот.

Сите добронамерни граѓани можат да донираат финансиски и материјални средства, како и покуќнина и апарати за домаќинство.

Да се обединеме сите заедно и да ја вратиме надежта за живот во домот на оваа наша сограѓанка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.