Бенјамин Лојд е уметник од Нов Зеланд кој работи со “airbrush” метод. Тој користи нетоксична боја на водена база која не може да им наштети на децата на кои им прави тетоважи..
Само 10 минути му се потребни на овој уметник за да направи неверојатно дело.
Мајката на ова дете објави фотографија на Фејсбук и во краток рок доби многу позитивни коментари и повеќе од 300.000 лајкови.
Но, позади овие тетоважи се крие тажна приказна. Имено, синот на Бенјамин починал пред 2 години. Уживал во своите тетоважи, па поради тоа уметникот одлучил своите услуги да ги понуди на локалната детска болница.
Тој сакал на овие деца да им го одвлече вниманието од секојдневните страдања во болницата.