Трите шампионски пехари на УЕФА во пресрет на Европскиот Супер Куп кој ќе се одигра на 8 август во Скопје, денеска ја започнаа својата турнеја низ Македонија.
Со нив можеа да се фотографираат љубителите на фудбалот од Тетово и Охрид, а веќе утре тие патуваат за Битола и Прилеп.
Најубавата Македонка Марјана Станојковска, која е заштитно лице на “Песи Македонија”, генералниот покровител на настанот ” ја искористи можноста да се фотографира со нив и сподели фотографија со своите фанови на социјалните мрежи.
Нашата Марјана свети дури подобро и од овие вредни трофеи.
Инаку трофеите на УЕФА утре од 10:00 до 12 часот ќе бидат во Битола, а вечерта од 18:00 до 20 часот ќе дојдат и во Прилеп.
А/Г/