Марјан Ристески пак градоначалник на Прилеп

Во светлината на локалните избори во 2009 г., една аналитичка колумна што беше објавена во четириесеттиот број на Зенит беше насловена исто како и оваа, т.е. Ристески пак градначалник на Прилеп. Резултатот на локалните избори во 2009 и 2013 г.  ја потврди точноста на предвидувањето што го содржеше во себе тој наслов. Денешната анализа наменета за антиципирање(предвидување) на исходот од претстојните локални избори на 15 октомври го дава истиот заклучок, Марјан Ристески пак градоначалник.

Ова циклично повторување на настаните и резултатите од локалните избори во 2009, 2013 и 2017 година не è ниту случајно, ниту невистинито. Тоа é последица и конкретизација на плодоносната работа на Ристески како градоначалник на општина Прилеп. Јасен во визијата за развојот на општината, креативен, упорен, постојан, трпелив, достапен и услужлив за потребите на граѓаните пак é најдобрата понуда за напредокот на Прилеп.

Не è потребна “научничка“ способност за анализа, за да се препознае динамиката што ја создаде Ристески за напредокот на општина Прилеп.  Потребен е само здрав разум, ослободен од злобни мисли, за согледување на неговата плодна, успешна и вредна работа. Списокот со реализирани проекти кои што го втемелија Прилеп на пиедесталот  на општини со најдобри можности за квалитетен живот è многу долг. Во оваа прилика, невозможно è да се набројат сите тие, но за потребите на читателите кои што сакаат поконкретно да сè запознаат ги упатувам да ги погледаат општинските информатори и отчетите на Ристески како градоначалник на општина Прилеп. Во тој контекст, може да се констатира дека неговата вредна работа има широк опфат. Од проекти кои што овозможија поубави, побезбедни, повеќе функционални и модерно уредени јавни објекти, површини и просторни услови во градот и населените места, сè до проекти со кои што се намали невработеноста и сиромаштијата во нашата општина(како оној со изградбата на слободната економска зона во која што се инсталираа и допрва ќе се инсталираат претпријатија од глобален ранг), како и овозможување и организирање на разни културолошки манифестации кои што направија Прилеп да биде препознатлив бренд во пошироката меѓународна заедница.

Меѓудругото, зошто мнозинството граѓани на Прилеп сметаат дека е компетентен да биде пак градоначалник? Поважно од сè, во овие моменти на општествена дезинтеграција создадена  од новите креатори на власта во Р.Македонија, се неговите лични перформанси како кандидат за оваа важна општествена функција. Ристески, во својата пракса како градоначалник, безброј пати докажа дека својата компетентност не ја гради со дискредитација и нихилизам кон другите, односно никогаш не ги негирал општествените норми, моралните начела, традиции, културолошки наследства и не ги негирал туѓите успеси и вредности. Во подалечното и поблиското минато учествуваше во сите настани за одбрана на Македонија и македонштината од домашните и странските предатори(грабливци). Кога неговите политички противници сè обидоа да ја потиснат свесноста на граѓаните на Прилеп за неговото успешно работење со помош на нивната алатка за дискредитација на успешните политичари во Р.Македонија наречена специјално јавно обвинителство, покажа дека е личност со висок степен на интегритет. Во такви околности покажа дека е личност која што својот авторитет го гради со вложување на сопствената енергија во општествено продуктивна работа. Покажа дека негова цел сè вистинските потреби на граѓаните на Прилеп, а не болните амбиции на некого. Покажа дека таквата цел лесно ја препознава и аргументира. Покажа дека може да интервенира на туѓите дискредитации и нихилизам без да се служи со принуди, лаги или/и манипулации. Покажа способност за дејствување во заедништво со другите. Односно, покажа дека луѓето треба да се радуваат на вистинската, а не на лажната среќа.

Заради сето ова Марјан Ристески è јако вмрежен во пошироката социјална заедница на општина Прилеп, односно è силно вмрежен меѓу пошироките граѓански маси, а не само во потесните партиски или други облици на елитистички кружоци. И токму затоа, неизбежен е заклучокот наведен во насловот на овој текст, Марјан Ристески пак градоначалник на Прилеп.

Таканаречените “шарени револуционери“ можеби ќе вриштат дека ова е неможно. Ќе речат дека тоа е неможна визија на авторот на текстот наменета за афирмација на Ристески како кандидат за градоначалник на претстојните локални избори. Нивните пророци ќе вриштат дека ова е само наивно предвидување. Но тие пророци сè пророци на нихилизмот, пророци на јаремот над зборот и пророци на дизгините над разумот. Како било, сепак, овој текст покрај тоа што претставува аналитичко предвидување на резултатот од локалните избори, меѓудругото и è афирмација. Но, ова не е празна афирмација. Напротив, ова е афирмација на вистински вредности, на она што се случило, што се случува и што ќе се случи на 15 октомври.

Д-р Зоран Петрески

Авторот на текстот е доктор на науки по јавна администрација




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.