Лидерот на германската Социјалдемократска партија (СПД) Мартин Шулц се повлече од таа функција и изјави дека партискиот одбор го поддржал Андреу Налес како негов наследник.
Налес треба да номинира извршен одбор на партијата, кој ќе се состане вечерва. А потоа ќе следи гласање на вонреден конгрес на партијата на 22 април.
Ова се случува во пресрет на гласањето на 464.000 членови на СПД кои можат да постават вето на коалициониот договор кој е договорен минатата недела со канцеларката Ангела Меркел.