Марија вљубена до уши: Шерифовиќ во врска со атрактивна Американка

1247875_untitled2-copy_ff

Марија Шерифовиќ си ја пронашла среќата во нова врска со атрактивна девојка од Лос Анџелес поради што често патува во САД.

Тие двете се запознале преку заеднички пријатели. Марија веднаш се вљубила во оваа убавица и тоа и го потенцирала. Исто така, поради неа често оди во ЛА. Дека не се работи само за кратка авантура, сведочи и близок пријател на пејачката.

-По турбулентниот љубовн период, Марија кончено најде мир. Една атрактивна Американка и го уркаде срцето. Заедно се веќе неколку месеци. Одлично функционираат и многу им е убаво заедно. Секако, како и досега, Марија нема намера да зборува за својот љубовен живот, ниту пак новата љубов да ја претставува во јавност, вели нејзин пријател.

Марија не сакаше да ги коментира овие наводи во српските медиуми. Инаку љубовниот живот на познатата српска пејачка секогаш бил интригантен. Марија година дена беше во врска со Елена Кариќ. По врската со снаат на најбогатото српско семејство, Шерифович дури два пати на Инстаграм крена прашина објавувајќи фотографии на кои се гледа женска рака. Марија распиша и конкурс за невеста, но подоцна објасни дека тоа било шега во која учествувала и нејзината пријателка Јелена Карлеуша.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.