Денес прилепска Победа го ангажираше првото засилување за новата сезона во Првата лига. Потпис на 1-годишен договор со Победа потпиша 32-годиниот централен напаѓач Борче Маневски. Станува збор за искусен фудбалер со богата интернационална кариера кој третпат се враќа во Победа.
-Среќен сум што по 10 години се враќам во Победа, клуб кој ми овозможи развој на кариерата и клуб во кој имав одлична соработка со челните чуѓе и посебен одос со навивачката група ,,Мајмуни,,. Се надевам на успешна сезона, беше првата изјава на Маневски по договорениот трансфер со Претседателот на клубот д-р Гоце Ингилизов.
Маневски го носеше дресот на Победа во два наврати сезоните 2004/2005 и 2006/2007, во втората шампионска генерација. Во двете сезони одигра 48 натпревари и постигна 2 гола. Интересно е што по 10 години повторно напаѓачкиот тандем ќе го сочинуват Гешоски-Маневски. Во Победа дојде од Пелистер, потоа направи трансфер во полска Лечна, а во кариерата настапувал за Работнички, Вардар, Милано, Банат Зрењанин, Чаинат (Тајланд), а последни негови клубови се од Малта-Балзан и Пемброке Атлета.