Македонец приведен во Грција – направил сообраќајка, починал Грк

policija-2-630x396

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Грција, во која со својот автомобил удрил во моторциклист од Грција, кој починал на лице место. Извори од Министерство за надворешни работи за „Мета“, велат дека сообраќајката се случила на автопат, а по неа Македонецот бил приведен.

Од конзулатот на Македонија во Грција, му е обезбедена потребната помош, но понатамошната постапка во однос на него зависи од грчките судски органи.

Повеќе детали денеска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.