Најновото истражување покажало дека мажите кои се женат со жени кои имаат повеќе килограми се многу посреќни, всушност 10 пати посреќни од мажи кои за сопруги бираат послаби жени.
Истражувањето кое го спровеле д-р Филемон Алварадо и д-р Едгардо Моралес, покажа дека со подебелките партнерки мажите повеќе се смеат и полесно ги решаваат проблемите поради што бракот им е во подобра состојба.
Можно е жените кои често се гладни да се и нервозни и несигурни во себе, но на прво место треба да биде здравјето на што полничките жени и тоа како треба да внимаваат.
Покрај тоа, вкусовите се различни па можеби некој ќе биде пресреќен со слаба жена, додека друг маж ќе ужива во долг брак со подебела жена која ја дели неговата смисла за хумор.