Џули Кемп и нејзиното семејство доживеале страшна несреќа пред 19 години, а во неа животот го загубил нејзиниот сопруг Енди. Таа и нејзиниот син Ландон едвај извлекле жива глава.
Возилото било толку многу уништено што екипите кои реагирале воопшто не забележале дека има момче во автомобилот. Сфатиле дека детото е внатре дури кога го виделе неговиот чевел. Кога успеале да го извлечат Ландон од автомобилот, не давал знаци на живот. Бил во кома.
Денес Ландон има неверојатна приказна за задгробниот живот.
Џули не знаела како да му соопшти за смртта на татко му, но Ландон и одговорил дека веќе го знаел тоа. Имено, на денот на несреќата Ландон “умирал” три пати, a лекарите успевале да го вратат во живот. Додека бил мртов, како што вели тој, го сретнал својот татко и неговиот пријател кој починал пред неколку месеци.