“Не седи мирно и не дозволувајте да останете без идентитет. Македонците мораат да се обединат за да ги одбранат основните човекови права за самоопределување и самоидентификација”, стои во описот на видеото поставено од движењето “Ние Сме Македонија” од Австралија.
Во видеото на сликовит начин прикажано е што значи идентитетот, културата, јазикот, традицијата, историјата и посебноста кај еден народ и што се случува кога сето тоа ќе се загуби.
Протестите за човекови права во Австралија ќе се одржат во Сиднеј, Мелбурн, Перт и Бризбејн во недела, 4 март 2018.
Девојките во видеото се дел од Македонското Културно Друштво “Илинден” од Сиднеј.