Лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов искажа големо задоволство од договорот кој неговата влада го потпиша со владата на Зоран Заев. Според Каракачанов со овој договор се исправале големи грешки и неправди низ историјата.
-Гоце Делчев, Даме Груев, многу од спомениците кои се поставени овде, се од луѓе кои припаѓаат на еден народ, си пишале самите во писма дека се Бугари, нема што да делиме од историјата, вели Каракачанов кој вчера имаше средба со Шекеринска, а вечерта со поголема делегација од владата на РМ го прославуваа договорот во една скопска кафеана, како што известија медиумите.
Тој на самиот почеток на интервјуто за големиот празник Илинден изјави дека е бугарски, односно востанието кое започнува во Крушево на 2-ри август 1903 година е едно од најголемите бугарски востанија во време на турското ропство.
Кога човек со вакви ставови е презадоволен од договорот во кој Заев прифати се што побараа од него, а тој не побара ништо за да го брани македонскиот интерес, и повеќе од јасно е дека сите релативизации од страна на Заев, СДСМ и нивните активисти се попусти и провидни.
Договор во кој Македонија благодарение на Заев ги прифаќа сите барања на Каракачанов, Волен Сидеров и низа други луѓе кои тврдт дека македонската нација е измислена во 1944 година не може ни во најлуди соништа да биде договор кој нема да е максимално штетен за Македонија, како и многу други договори кои СДСМ ги направи во својата историја.
Македонската јавност овој договор го нарече црн договор, а ВМРО-ДПМНЕ најави дека кога ќе се врати на власт ќе го преиспитува договорот и сите отстапки кои свитканиот во кичма Заев ги направи кон Бугарија, а за кои не доби ништо. Напротив, доби навреди за македонската историја од потписник на договорот, на самиот ден на големиот празник Илинден.
Извор: kurir.mk