МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ДВОЈАЗИЧНА НА 13-ТИ СЕПТЕМВРИ!? Талат Џафери го соопшти датумот на кој ќе се гласа двојазичноста во Македонија!

Скандалозниот закон за јазици, со кој се воведува тотална двојазичност на територија на цела Македонија, а предвидува менување на банкнотите, униформите на полицијата, војската и лекарите, менување на топонимите, како и воведување на двојазичност во судовите во Собранието ќе се гласа на 13 септември

zaev_ambasada_Usa_uck

Законот за јазици, главната пречка поради која ВМРО-ДПМНЕ не формираше владата со ДУИ, а СДС ја прифати во форма на Тиранска платформа веќе се интегрира во Маекдонското законодавство, а подоцна како што најави и Али Ахмети ќе биде променет и Уставот со што ќе се добие комплетна бинационалност и отворена можност за спроведување на проектот за федералзиација.

Како што најави Командант Форина, законот за двојазичност во Собранието на Р.Македонија ќе се гласа на 13 Септември со што, од тој момент па натаму Македонија ќе биде двојазична држава, во која доколку се појавите Суд или во некоја од државните институции и не знаете албански јазик, тогаш Судијата може да ви пресуди, а вие ништо да не сте разбрале.

Дополнително, за трговците кои нема да имаат истакнати двојазични менија, односно, таксистите кои нема да зборуваат албански јазик може да бидат казнети со дополнителни казни. За трговците, казните ќе се движат до 5.000 евра.

За вработените во администрацијата, казните за незнаење на албанкси јазик ќе се движат до три просечни плати.

Видео: ТВ 21

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.