Сефак имала само 13 години кога мајката ја продала како сексулаен роб за вкупно 800 долари.
Пред да биде купена девојката била одведена на преглед во болница каде и зеле крв и и’ издале сертификат дека е девица. Потоа ја однеле во хотелска соба каде била силована цели 3 дена.
Во малото рибарско село Свај Пак во близина на камбоџанскиот град Пном Пена едно девојче го снашло страшна судбина. Сефак, како и многу девојчиња од нејзиниот крај била продадена поради долгови. Таа се вратила дома после 3 дена силовање, но мајката ја терала да се занимав со проституција.
Девојчето од страшниот пекол било спасено од организацијата АИМ, која се бори против ропство и трговија со луѓе. Сефак денес работи во фабрика од оваа организација, заедно со други жени кои исто така биле спасени.
“Се чувствувам многу посигурна и имам пристојна работа”, вели таа.
АИМ само во последните 3 години спасила 130 девојчиња при 50 различни рации спроведени во Камбоџа.
“Ова е сиромашна земја и луѓето гледаат како да дојдат до пари. За жал, поради недостаток на едукација и работа, сексуалната индустрија е еден од начините на заработка”, вели Ерик Мелдрум, шеф за истрага во АИМ.
Сепак, работите се движат во позитивна насока во Камбоџа. Тој вели дека соработката со полицијата е на одлично ниво, а и владата се повеќе се труди во последно време и прави се’ во борбата против трговците со луѓе.
А/Г/