Голем пожар кој во понеделникот изби на полуостровот Луштица и понатаму им прави проблеми на пожарникарите.
Како што е соопштено од Директоратот за вонредни ситуации многу е критично на тоа подрачје и ако ветерот продлжи да дува со ова темпо, пожарот наскоро ќе дојде и до куќите.
Црна Гора вчера побара меѓународна помош која треба да пристигне овие денови.
Пожарот во Будва во моментов е под контрола.