Локвенец, Смилеска и Талат Џафери повторно на заедничко поклонување?! (ФОТО)

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна.

На настанот покрај делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Томас Норберт Герберих и Кристијан Тимоние, присутни беа и пратениците од Прилеп од редовите на СДСМ, кои одново му правеа друштво на собранискиот спикер Талат Џафери и положија цвеќе.

Локвенец и Смилеска заедно со Џафери, прв пат се поклонија годинава на Илинден во Крушево, иако во јавноста нивната дружба, со како што граѓаните го нарекуваат “нелегитимниот претседател на Собранието”, беше критикувана, на прилепските пратеници се чини дружбата со Џафери и тоа како им годи.

Талат Џафери како лик е особено омразен во Прилеп, но се чини дека откако СДСМ ја презеде власта во Македонија, секаде е пречекан со највисоки почести и раширени раце.

Во рамките на денешното одбележување, вечерва во Битола, Данги де Дезер, внук на загинатиот полковник Ордиони, учесник во Источниот фронт,ќе ѝ презентира на јавноста дел од активностите за објавување на писмата што неговиот дедо ги напишал на фронтот од 1917 и 1925 година.

Според најавите во понеделник во хотелот „Епинал“,францускиот амбасадор Тимоние ќе го отвори таканаречениот „научен ден“ посветен на Источниот фронт. На конференцијата што ќе се одржи на тема: „Балканските општества во Првата светска војна“ ќе учествуваат експерти од Македонија, Франција и други држави од регионот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.