“Лидерот на ЛДП молчи за Шкодата на својот директор? Битно двојазична Битола ја поддржа!? Ќе бара ли разрешување заради луксуз??”

Поминаа 3 ипол месеци од кога директорот на државниот Инспекторат за земјоделие во Прилеп, Јане Станкоски се вози со новиот луксузен автомобил Шкода, вреден 32.000 евра.

Иако реакциите на јавноста беа бурни после потегот на Станкоски да се почести со еден ваков автомобил на сметка на граѓаните, нема ниту абер за негово разрешување, ниту пак за продажба на шкодата.

Министерот на земјоделство Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев, не сакаа да си ги нарушат односите со својот партнер во коалицијата од ЛДП Горан Милевски, од чија партија е дел и Станкоски.

Од друга страна за луксузирањето не реагираше ниту лидерот на ЛДП, по чија заслуга прилепскиот директор управува со овој Инспекторат.

Милевски не почувствува потреба да им објасни на граѓаните на што се должи ваквата дрскост да се трошат десетици илјади евра за неговиот функционер да ужива во луксузот на едно од најмодерните возила од Шкода, а од друга страна уште толку ги разлути жителите на Пелагонискиот регион поддржувајќи го Законот за употреба на јазиците и воведувањето на двојазичност во Битола и Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.