Лашкоска: Граѓаните ќе добијат повисока нафта која годишно ќе им одзема една просечна плата

Наместо реално ослободување од радиодифузна такса и користење на евтина струја, граѓаните ќе добијат повисока нафта која годишно ќе им одзема една просечна плата од 20 илјади денари, обвинува Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата вели дека ја укинала радиодифузната такса од 190 денари месечно, или 2.280 денари годишно, но воведува повисока акциза на нафта со која на семејствата, односно на семејствата  ќе им одземе колку 10 пати повеќе радиодифузни такси, односно од 20 до 22 илјади денари годишно. Владата вели дека вовела евтина струја од 14 до 16 часот секој работен ден која ќе им заштеди на домаќинствата од 80 до 100 денари месечно или годишно околу 1.000 денари, но со воведувањето на повисока акциза за нафта на годишно ниво ќе им одземе 20 пати повеќе, односно најмалку 20 илјади денари на секое семејство. Владата со акцизата за нафта ќе им одземе на семејствата 20 пати повеќе отколку што им заштедува со евтината струја, и 10 пати повеќе отколку што преставува дека им заштедува со радиодифузната такса, истакна таа.

Лашкоска  потенцира дека ова е грабеж на македонските граѓани.

-Лицемерието е што од една страна викаат дека ја укинале таксата и наводно донеле евтина струја во исклучително непопуларен период од 14 до 16 часот кога повеќето од луѓето се на работа, а од друга страна им одземаат од 10 до 20 пати повеќе со еден потег на воведување повисока акциза на нафтата. Дополнително на ова кога ќе се додаде дека планираат зголемување и на персоналниот данок, тоа значи дефинитивно дека цехот за нивната неспособност ќе го платат граѓаните, порача таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.